Во Кина е откриен „бесконечен“ извор на енергија, кој би можел да ја снабдува земјата во наредните 60.000 години

Во руралните делови на Кина е откриен „бесконечен“ извор на енергија, кој би можел да ја снабдува земјата во наредните 60.000 години, тврдат геолози во Пекинг.

Ресурсите се целосно недопрени
Се наведува дека рударскиот комплекс Бајан Обо, во Внатрешна Монголија, може да содржи доволно ториум (Th) за теоретски да ги снабдува домаќинствата во регионот со доволно енергија.

Ториумот е хемиски елемент со „мал проблем“ – тој е благо радиоактивен, но благодарение на оваа особина може да се искористи за создавање нуклеарна електрана што користи реактор со стопена сол (MSR) за производство на електрична енергија, пишува Telegraf Biznis.

Може да генерира стотици пати повеќе енергија од ураниумот, кој се користи во конвенционалните нуклеарни реактори, а доколку се ископува правилно, може да стави крај на глобалната зависност од фосилни горива, пренесува Daily Mail.

Се проценува дека ресурсите на ториум во комплексот Бајан Обо се „целосно недопрени“, а кинеските научници тврдат дека петгодишното снабдување со отпад од рудата на железо во еден од рудниците во Внатрешна Монголија содржи доволно ториум за да ги покрие енергетските потреби на САД во наредните 1.000 години.

Секоја нација има ториум
Претходно се проценуваше дека Кина има доволно резерви на ториум за да ги задоволи своите енергетски потреби за 20.000 години.

– Повеќе од еден век, нациите водат војни за фосилни горива. Се испоставува дека бесконечен извор на енергија се наоѓа токму под нашите нозе – изјавил истражувач од Пекинг, кој сакал да остане анонимен.

Тој тврди дека „секој народ има ториум“ и дека неговата употреба може да предизвика револуција во енергетската индустрија.


1311

Задолжително

Verified by MonsterInsights