Се шири истрагата – Приведени седумина полицајци кои замижувале пред незаконското рабоње на дискотеката во Кочани

Седум полициски началници и службеници од Штип и Кочани изготвиле, потпишале и одобриле документација „Пулс“ да работи во субстандардни услови. Имало пријави во полиција за кривични дела и нарушување на јавен ред и мир, но и покрај тоа во 2023 година била издадена лиценца, а полицијците дале позитивно мислење дека ги исполнува сите услови. Со својата согласност ѝ овозможиле кочанската дискотека да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа

Главениот инспектор за сообраќајни работи во Штип и еден самостоен инспектор за планирање резервен состав, превенција и справување со кризни состојби, констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај, иако тоа не било така.

„Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди“, рече Тошковски.
Првите луѓе во штипската полиција, одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во која е констатирано дека кабарето ги исполнува законските услови без да направат целосна проверка пред да ја издадат согласност за лиценца за кабаре.

„Петтиот, како документарист во ПСО на Кочани, изработил телеграма во која не навел точни и целосни податоци, дека во и близина на кабарето има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, додека шестиот, во својство на заменик командир и седмиот како началник на Одделение за внатрешни работи Кочани, иако знаеле дека има повеќе пријавени нарушувања на јавен ред и мир во и близина на кабарето, истите вака изготвената телеграма ја одобриле и потпишале, со што како службени лица, не постапиле согласно прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за кабарето и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето“, појасни Тошковски.
Сите седум полициски службеници се товарат за кривично дело тешки дела против општата сигурност.

„Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа“ соопштија од ОЈО ГОКК.
Осомничените не се разрешените полициски началници и команданти од вчера, рече министерот. Четворица полициски функционери од Штип и тројца од Кочани Тошковски ги разреши не поради нивна инволвираност, туку да се води независна и непристрасна истрага во Кочани. На нивно место назначени се нови началници од Скопје, а во меѓувреме доколку се докаже нивна вина ќе се одговараат.


1089

Задолжително

Verified by MonsterInsights