Затворени три дискотеки кои имаат лиценца, ама не ги исполнуваат техничките услови, се прават проверки уште во девет

На три од дванаесет објекти со важечка лиценца за кабаре, ноќен клуб или дискотека, кои вчера биле проверени од Државниот пазарен инспекторат, ќе им биде одземена дозволата за вршење дејност бидејќи не ги исполнувале минималните технички услови за работа.

Како што информираше портпаролката на Владата,Марија Митева, според досега познатите информации во текот на вчерашните проверки биле потврдени сериозни прекршувања.

Марија Митева портпаролка на Владата: „од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека 3 од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност. За останатите 9 ве информирам дека сѐ уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации. Во однос на ваквата состојба, веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење на дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно закон ќе бидат преземени“,

Во однос на тоа дали има доволно кадар за над десет теренски тимови кои ќе вршат контрола, Митева рече дека во тимовите за проверка учествуваат и претставници од МВР, Трудовиот инспекторат, УЈП, Финансиска полиција како и искусни градежни работници.

Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски, пак, денеска информираше и дека откирена е уште една фалсификат лиценца која била издадена во изминатиот период. Според првичните информации станува збор за објект во Скопје.

Панче Тошковски МВР: „Првични информации токму пред да дојдам се дека ова не е единствената фалсификувана лиценца која што била издадена во изминатиот период. Има најмалку уште една која што ја имаат откирерно. Согласно првичните информации е за Скопје“

Дополнително, од МВР денеска обавија дека во текот на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, приведен бил сопственик на кабаре од Кумнаово кај кого биле најдени пиротехнички средства.

  • Сопственикот на Кабарето од Куманово е затекнат како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

Од Владата најавија проверки и на објекти кои немале лиценца но сепак вршеле дејност.


1131

Задолжително

Verified by MonsterInsights