КОНСТИТУИРАН ЛОКАЛНИОТ СОВЕТОТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО
Денес, во општина Битола, се одржа конститутивна седница на Локалниот Советот за волонтерство, со новите членови кои имаат мандат за период 2025-2027год., составено од 9 члена кои се избрани по пат на јавен повик и номинација од институции и граѓански организации. Ова тело, со својата советодавна работа има за цел да влијае врз зголемување на младинското учество во локалната заедница, преку волонтерство, унапредување на процесите на волонтерство и нивно доближување до граѓаните.
За претседател на Советот за волонтерство е избран Александар Јаневски, а за заменик претседател Филип Етмишовски.