Известување за новите надградби на ЕСЈН од 01.04.2025 година
Ве известуваме дека од 01.04.2025 година, со новите надградби на системот за електронски јавни набавки (ЕСЈН), се менува и олеснува начинот на објавување на огласот и тендерската документација.
Ве молиме да ги имате предвид следните промени:
- Автоматска тендерска документација – при внесување на податоците во огласот на ЕСЈН, тендерската документација автоматски ќе се креира и објавува.
- Финансиски образец на понуда – финансискиот образец на понудата, се креира и подготвува директно на системот.
- Можност за користење на темплејти – Excel темплејт за внесување на ставки во предефиниран формат, Excel темплејти од други договорни органи, Excel темплејти на најчесто објавувани предмети подготвени од ЕСЈН, користење на свои Excel темплејти при следни набавки.
- Внесување на проценета вредност на ниво на дел.
Технички напомени:
1. Овозможување на макроси во Excel
- При отворање на Excel-документот, со десен клик изберете Properties, потоа одете на табот General и доколку има известување за безбедност (Security), кликнете Unblock, потоа OK.
- Доколку по отворањето на документот се појави известување за “Macros have been disabled” или “Enable Content”, кликнете на “Enable Content”.
2. Отворање на документи со дигитален потпис
- При евалуација на поднесените документи со дигитален потпис, важно е:
- Да ги отворате преку апликативни програми за PDF документи (на пр. Adobe Reader). Дигиталниот потпис не секогаш може да се види пре веб-прелистувач (Chrome, Mozilla, Edge), од таму зачувајте го документот и отворете го со соодветен PDF прегледувач.
Во прилог Ви испраќаме упатство за начинот на подготовка на образецот на финансиската понуда како дел од тендерската документација, согласно новите надградби на ЕСЈН.