Активности на ЈП Водовод со цел подобрено и поквалитетно водоснабдување
По отстранувањето на дефектите на водоводната мрежа на ул. Романија и ул. Бегова чешма, водоснабдувањето е нормализирано и се одвива непрекинато.
Истовремено, се работи на реконструкција на водоводната мрежа и проширување на истата во с. Поешево и с. Логоварди, со што ќе следи значително подобрено и поквалитетно водоснабдување.