РЕВОЛУЦИОНЕРНО: Дали исчезнува сателитската навигација во возилата?
Американскиот стартап Tern AI разви револуционерна навигациска технологија која функционира без GPS или интернет-врска.
Ова решение користи вештачка интелигенција и сензори за прецизно одредување на локацијата. За разлика од традиционалните GPS системи, оваа технологија е независна од сателитски сигнали и интернет конекција.
Во срцето на иновацијата се наоѓа т.н. Intelligent Dead-reckoning Positioning System (IDPS) од компанијата Tern AI. Системот користи комбинација од сензори и напредни AI алгоритми за да ја одреди локацијата на возилото или уредот.
За разлика од GPS, IDPS функционира целосно без надворешни сигнали, пишува „Ревија ХАК“.
Јадрото на системот го сочинуваат инерциона мерна единица (IMU), одометар и магнетометар. Вистинската иновација лежи во AI алгоритмите што ги обработуваат податоците од сензорите и ја изчислуваат точната позиција.
Прецизноста на системот, наводно, е импресивна – со отстапување помало од еден метар. Таа точност е споредлива со GPS системи со висока прецизност и значително ги надминува обичните GPS уреди.
Главна предност е што IDPS функционира сигурно дури и таму каде што GPS сигналите се слаби или целосно недостапни – во тунели, подземни гаражи или меѓу високи згради, IDPS продолжува да дава точни податоци за локацијата.
Дополнително, системот е исплатлив, бидејќи користи сензори кои веќе се вградени во многу модерни возила.