На една недела до велигденските празници, во месарниците се уште тешко се наоѓа јагнешко месо

На десетина дена пред велигденските празници, јагнешкото месо достигнува цена и до 700 денари за килограм, зависно од продажното место.

Обиколка во неколку месари, маркети, цените се движат од 450 до 700 денари за килограм, но во поголем дел од месарите, во моментов јагнешто месо нема. А токму сточарите изиманиов период се жалеа на ниските откупни цени, и предупредија на можноста од недостиг на домашниот пазар од јагнешко месо. Граѓаните кои ги анкетиравме велат од година во година пред празнично, цените на месото одат нагоре, па кој може ќе си дозволи и ќе купи. Во меѓувреме до крајот на месецот на сила се и владините мерки за скалестото ограничување на маржите, а граѓаните со поделени мислења, за едни цените во маректите се намалени за други не.

„Им го зимаат по 200 денари а во продавница е 600, 700 денари стварно нема смисла, он се мачи толку а прекупциве сакаат да го земат ќарот ….. “

„Месото беше 590 сега 690 јагнешкото… кој ќе се снајде да си земе живо јагне ќе му дојде поевтино…“

„400 денари и нешто е реброто, другото 500, 600 нагоре… “

„Нешто има нешто нема повеќе исто…. “

„Ништо исти се цените….“

Од министерството за економија и труд велат мерката дава одлични резулати а тоа го покажуваат и податоците на заводот за статистика. Според статистика инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март годинава споредбено со претходниот месец е пониска за 1,3% , во однос на февруари 2025 година, изнесува -1.3 % најмногу се намалиле цените нахраната и безалкохолните пијалаци.

Додека на годишно ниво март споредбено со март 2024 година бележи зголемување од 2,7 % , а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.2 %.

„Од тие податоци што ги имаме имаме дефлација 1,3 % во однос на претходниот месец и имаме намалување на процентот на трошоците за храна и пијалаци некој 3 %…. Од сите пресметки кој што ги правиме ќе видиме како понатаму одиме, дали ќе има ограничување на маржи или законски измени за транспарентност на цените….. “-изјави Марјан Ристески – зам мин. за економија и труд.

Во меѓувреме се финализира и новата просечна потрошувачка кошничка, која според Ристески ќе даде реална слика за тоа колку пари му се потребни на едно три члено семејство за да го преживее месецот. Во неа според најавите нема да се пресметуваат производи, како цигари, алкохол, луксузна храна.

Дециден е дека оваа кошничка нема да биде за политиканство туку за понатамошните политики за заштита на животниот стандард на граѓаните. А според најавите се очекува да биде презентирана идната недела. Инаку досега минимална потрошувачка кошничка пресметува ССМ, но според надлежните во неа освен основните производи, имало и цигари, нескафе, сезонско овошје, кое велат не секој месечно го конзумира, па оттука се побара ревидирање на методологијата.


1140

Задолжително

Verified by MonsterInsights