Вечера на шефовите на дипломатиите од ЕУ и Западен Балкан во Луксембург
Во исчекување на утрешниот Совет за надворешни работи на ЕУ (ФАЦ), вечерва во Луксембург ќе се одржи неформална вечера на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на државите од Западен Балкан.
Оваа вечера, со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас како домаќин, ќе претставува шанса за размена на гледишта помеѓу европските министри и нивните колеги од Западен Балкан во врска со процесот на приклучување и тековните меѓународни случувања.
Инаку, Западен Балкан ќе биде една од темите и на утрешната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Освен за регионот, на седницата на ФАЦ ќе се дискутира и за најновите настани поврзани со Украина, за состојбата на Блискиот Исток, особено во Сирија, како и за врските меѓу ЕУ и Африка.
Предвидено е и министрите да ја одобрат „Заедничката позиција на ЕУ за контрола на извозот на оружје“.
По завршувањето на Советот ќе се одржи и првиот Дијалог на високо ниво меѓу Европската Унија и Палестинската управа, а по него и четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија.