Прекин во водоснабдување на 15 април поради градежни активности на мрежата
Граѓаните на делови од Битола утре, 15 април 2025 (вторник), ќе се соочат со прекинато водоснабдување поради изведба на јазел во водоводната мрежа. Според соопштението, прекинот ќе започне во 08:30 часот и ќе трае сè до завршување на градежните активности.
Без вода ќе останат корисниците на следните локации:
- Булевар 1 Мај – од Црн Мост до Саат кула
- Населба Баир – од над ул. Илинденска до ул. Христијан Карпош
- Ул. Широка
- Ул. Охридска – од ул. Методија Трајковски до ул. Стив Наумов
Во населбата Стрежево ќе има намален притисок на водата.
Изведувач на работите е градежната фирма „Стентон Градба“, назначена од Општина Битола.
Граѓаните се повикуваат на разбирање и навремено прилагодување на своите активности.