Рековци посадија 5000 багремови садници во близина на Термоцентралата

💚РЕК Битола ја потврдува својата општествена и еколошка одговорност преку традиционалното пролетно пошумување. Оваа година, педесетина наши вработени од различни сектори во подружницата, засадија 5000 багремови садници, продолжувајќи ја заложбата за обновување на природата.

🌳Нашата цел е двојна: стабилно производство и активно придонесување кон поздрава животна средина преку рекултивација на земјиштето, што значи почист воздух, заштита од ерозија и поплави.

🍃Посебно сме горди што увидот во претходните пошумувања покажа одличен успех, докажувајќи ја нашата долгорочна еколошка посветеност и видливите резултати од нашите акции.


1195

Задолжително

Verified by MonsterInsights