НЕДЕЛА НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО АЛБАНИЈА

Вчера во Тирана започна културната манифестација “Недела на македонската култура” со намера да прерасне во традиционална и секоја година да се одржува.

Со концертот со наслов “Поглед кон иднината/Eyes to the future“ на пијанистката Ема Попивода и албанската диџејка Реа Лемнуша, започна манифестацијата “Недела на македонската култура“, која за првпат се реализира во оваа држава. По тој повод, градот Тирана ќе биде обоен со црвено-жолти бои и светла, а на главниот булевар ќе бидат истакнати македонски знамиња.

Во текот на неделата ќе се одржуваат концерти на македонски уметници, театарски претстави за возрасни и за деца, изложба на македонски народни носии, промоција на книги од македонски автори, дегустација на македонски вина и промоција на винскиот туризам во Македонија.

Неделата на македонската култура во Тирана е во организација на Амбасадата на Македонија и Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана, со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија, Министерството за економија, култура и иновации на Албанија и градот Тирана.

Неделата на македонска култура во Тирана, што ќе се одржи од 23. до 30.4.2025 година, има цел промоција на македонската култура, како и продлабочување на релациите и соработката на полето на културата и туризмот меѓу двете земји.

Во рамките на програмата ќе се реализираат следниве настани:

23.4.2025 – Концерт “Поглед кон иднината/Eyes to the future“ на Емилја Попивода – пијано и Реа Лемнуша – диџеј

25.4.2025 – Изложба на македонски народни носии и промоција на Монографија на македонските носии од проф. Владимир Јаневски

26.4.2025 – Промоција на македонски вина и на винскиот туризам во Македонија

30.4.2025 – Театарска претстава “8%?“ на режисерот Јовица Ристовски


1187

Задолжително

Verified by MonsterInsights