Општина Могила ги повикува земјоделците да ги пријават штетите од голомразицата
По сериозните штети предизвикани од голомразицата што ја зафати Општина Могила во периодот од 6 до 10 април годинава, локалната самоуправа упати повик до сите земјоделци со оштетени овоштарски насади да ги пријават настанатите последици.
Пријавувањето се врши во просториите на Општината во периодот од 23 до 30 април, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
Кој може да пријави?
Сите граѓани кои претрпеле материјални штети на овоштарски насади во наведениот период.
Потребни документи:
Пополнето барање (достапно во Општина Могила или на mogila.gov.mk)
ЕМБЗС – Единствен идентификациски број на земјоделско стопанство
Фотокопија од имотен лист (не постар од 1 месец)
Фотокопија од лична карта или изјава за лични податоци
Фотокопија од трансакциска сметка
Договор за закуп (доколку имотот е под закуп)
Нотарски заверена изјава (за наследници или корисници без правна поделба)
Од Општина Могила апелираат до земјоделците навремено да ги достават сите потребни документи за да се овозможи целосна и ефикасна проценка на штетите.
