Светски ден за безбедност и здравје при работа
Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денес ќе го прослави 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, и ќе го прикаже Годишниот извештај за регистрирани незгоди и повреди на работните позиции во 2024 година.
Како и претходните години, во парк во општина Аеродром, ќе бидат посадени садници во чест на починатите работници на нивните работни места.
Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е основан од страна на Меѓународната организација на трудот со цел да го унапреди спречувањето на несреќи, повреди и професионални заболувања на светско ниво.
“Станува збор за кампањи за подигање на свеста наменета да се фокусира меѓународното внимание на новите трендови во областа на безбедноста и здравјето при работа.”
Темата на кампањата на МОТ за 2025 година е “Нова ера во здравјето и безбедноста: Улогата на вештачката интелигенција и дигитализацијата на работното место”, информираат од МЗЗПР.