Во Мелник и Рожен беа одбележани 110 години од убиството на Јане Сандански

27 април 2025 – Во Мелник и Рожен беа одбележани 110 години од убиството на Јане Сандански, организирано од повеќе македонски организации меѓу кои:

ОМО „Илинден“-ПИРИН, ОМО „Илинден“, Друштво на репресираните Македонци во Бугарија, Македонско меѓународно движење за човекови права и други.

🚫 И покрај организираната заплашувачка кампања во бугарските социјални мрежи и медиуми претходниот ден, како и црниот печат што беше ставен на граница на Тихомир Стојановски, сепак дојдоа доволно многу луѓе за да го одбележат свечено споменот на големиот македонски војвода – царот на Пиринот – Јане Сандански.

✅ Присуствуваа гости од цела Пиринска Македонија, Република Македонија, Егејска Македонија, Бугарија и други земји. Имаше и повеќе делегации меѓу кои беа забележани претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО, ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија, Друштвото на Македонците од Егејска Македонија, од македонската амбасада и многу други. Поздравно писмо до соборот пристигна од Друштвото “Пирин” од Мелбурн на чело со Ицо Најдовски Перин.

🙏 Панихида на гробот на Јане одржа отец Никодим Царкњас, а 💬 зборуваше претседателот на ОМО „Илинден“ Кирил Тилев.

💬 Соборот во Мелник беше отворен од ко-претседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН Стојко Стојков, кој меѓу другото истакна:

„Исто како и македонското малцинство до ден денешен и Јане се јавува како брана против шовинистичките аспирации против Македонија и Македонците. Од таквите антимакедонски аспирации доаѓа и омразата спрема Јане и спрема Македонците со македонска самосвест во Бугарија и против македонската нација генерално. Нашето постоење е непосакувано.

110 години по неговата смрт Јане се јавува вододелница денес и во Пиринска Македонија, и во Република Македонија и во Бугарија. Македонците го сакаат – бугарските националисти го мразат.

Ние денес и секој ден ги избираме и ќе ги избираме пријателството, вистината, слободата, правдата и достоинството. И додека сме живи – ќе се бориме!“

🎼 Настапија ансамблите „Јане Сандански“ од Ново Село, Струмичко и „Пирински Глас“ од Разлог, пееја Круме Спасовски и Василија Петрова / Vasilia Petrova • Свиреше оркестарот на Панчо Иванов.

Се пееја 🇲🇰 македонски песни.

Се виеја 🇲🇰 македонски ора.

Се вееја 🇲🇰 македонски знамиња.

Искрена благодарност на сите кои ни дадоа поддршка и на сите кои присуствуваа – догодина уште побројни!


1296

Задолжително

Verified by MonsterInsights