Агелер до судиите: „Запомнете за кого работите“
Амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, на тркалезната маса во Уставниот суд ги повика судиите да ја запаметат нивната улога и одговорност кон граѓаните. Настанот, организиран под мотото „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“, имаше за цел да ја отвори дебатата за регулирање на работата на судот.
„Ова е клучен момент за судството и за граѓаните. Искористете го, сетите се зошто сте тука“, рече Агелер, нагласувајќи ја потребата од транспарентност и независност на судството. Таа ја истакна поддршката на САД за правда вкоренета во уставните вредности.
На настанот зборуваа и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, амбасадорите на ЕУ и Германија, како и правни експерти. Се дискутираше и анализата за новиот закон, подготвена во рамки на ЕУ-проект.
Судии, правници и претставници на граѓанскиот сектор ги изнесоа своите ставови, со цел подобрување на судскиот систем.