Пратениците денеска ќе расправаат за интерпелацијата на Тошковски

Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.

Пленарната седница е закажана за 11 часот.

Интерпелацијата за Тошковски е поднесена на 14 април бидејќи, како што посочија од Левица, министерот несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно, што резултира со противзаконски дејствија, скандали и кадровски поместувања во Министерството за внатрешни работи (МВР).

Образложувајќи ги причините за интерпелацијата, пратеникот Сашко Јанчев од редовите на Левица рече дека таа е базината на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагедијата во Кочани, што се случи на 16 март.

„Од петте основи врзани со трагедијата во Кочани, првата е за немање никаква контрола врз дискотеката, што е изричито законска обврска на МВР. Потоа се нелегалната употреба на пиротехнички средства и неукажувањето помош од страна на полициските службеници“,рече тој.

Според него, МВР потфрлило и во тоа што долг период во истрагата не биле вклучени функционери и носители на функции блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, протов Тошковски беше поднесена интерпелација и во јануари годинава, заедно со уште четири интерпелации на владини министри.

Тогаш интерпелациите ги поднесе „Европскиот фронт“, предводен од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Но, интерпелацијата за него тогаш не ја доби поддршката на мнозинството пратеници.  


1157

Задолжително

Verified by MonsterInsights