Историски пад на јавниот долг – Македонија се враќа на вистинскиот пат!

Во период на глобална економска неизвесност, Македонија испорачува позитивна економска вест – јавниот и државниот долг се на најниско ниво во последните пет години.

Според официјалните податоци за првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31 март, јавниот долг изнесува 57,7% од бруто домашниот производ (БДП), додека државниот долг е 50,1%. Во споредба со 2020 година, јавниот долг е намален за 2 процентни поени, а државниот за 0,7.

Овие бројки, како што истакнува премиерот Христијан Мицкоски, се силен показател за стабилизирање на економијата и крај на периодот на „слободно паѓање“ што ја следеше државата речиси една деценија.

„Горда Македонија е богата Македонија. Следува фаза на развој и остварување на стратешките цели. Македонија станува повторно твоја,“ порача премиерот, најавувајќи продолжување со дисциплинирани и развојно ориентирани економски политики.

Намалувањето на долгот, како клучен индикатор за фискална одговорност, испраќа позитивен сигнал до домашните и странските инвеститори, и ја позиционира државата на стабилна патека на економски раст.


1111

Задолжително

Verified by MonsterInsights