Енергетски ефикасна фасада за ОУ „Стив Наумов“ во Битола
Во Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола се изведува реконструкција на фасадата со поставување на нови изолациони материјали, со цел зголемување на енергетската ефикасност. Проектот е вреден 6,3 милиони денари и ќе биде завршен до крајот на летниот распуст.
Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на терен и најави следна фаза – поставување топлински пумпи како замена за постојниот систем на греење на екстра лесно масло.
Со претходно поставената фотоволтаична централа и реконструиран покрив, училиштето станува едно од најенергетски ефикасните во Битола, со јасна насока кон одржливост и заштита на животната средина.