Трамп повторно го отвора Алкатраз кој не работи од 1963 година

Претседателот Доналд Трамп му нареди на Бирото за затвори да го реновира и повторно да го отвори озлогласениот затвор Алкатраз за да бидат таму префрлени „најсвирепите и најнасилни престапници“.
Кога во минати времиња бевме посериозна нација, не се колебавме да ги фрлиме зад решетки најопасните криминалци и да ги чуваме далеку за да не повредат никого повеќе, порача Трамп на својата социјална мрежа.
Пред да биде затворен во 1963 година, зад решетките на Алкатраз, изграден на карпа во Заливот на Сан Франциско, САД ги чуваа најозлогласените криминалци. Затворот сега е една од најпопуларните туристички атракции во Сан Франциско.
Никој официјално не успеал да побегне од затворот, опкружен со студена вода и брзи струи, но пет затвореници се префрлиле преку оградата и исчезнале. Се смета дека се удавиле.


1094

Задолжително

Verified by MonsterInsights