Од летоска во бугарските дуќани цените ќе се „гледаат“ и во евра

Почнувајќи од јули, сите трговци на мало во Бугарија ќе бидат обврзани да ги прикажуваат цените и во левови и во евра. Оваа мерка ја потврди заменик-министерот за економија Николај Павлов во интервју за БНР.

Условувањето за двојно одредување на цените е дел од пошироките подготовки за планираното усвојување на еврото во Бугарија, со официјален целен датум поставен на 1 јануари 2026 година.

Властите очекуваат поволна одлука во врска со влезот на Бугарија во еврозоната да се донесе уште на почетокот на јуни.

Воведувањето двојно одредување цени ќе се совпадне со врвот на летната туристичка сезона, барајќи од сите продавници и даватели на услуги да ги означуваат стоките и услугите со двете валути. Павлов нагласи дека конверзијата мора да се базира на фиксниот девизен курс од 1,95583 лева за едно евро.

Според барањата, обете валути мора да бидат прикажани јасно и прецизно на сите ценовни етикети, при што ниту едната не треба визуелно да биде нагласена над другата.

Министерството за економија и индустрија, кое игра централна улога во процесот на усвојување на еврото, е активно вклучено преку своето учество во Координативниот совет за подготовка. Павлов истакна дека законските обврски за трговците се наведени во Законот за воведување на еврото, пренесува порталот Новините.


1097

Задолжително

Verified by MonsterInsights