БЕЗБЕДНОСТА ПРЕД СÈ: Започна поставувањето на смирувачи на сообраќајот пред осум училишта во Битола
Општина Битола стартува со поставување на смирувачи на сообраќајот и нова сигнализација пред осум училишта во градот, со цел зголемување на безбедноста на учениците. Првично работите започнаа пред основните училишта „д-р Трифун Пановски“ и „Св. Климент Охридски“, а во следните денови ќе бидат опфатени и училиштата „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“, „Ѓорѓи Сугарев“ и СОУ „Таки Даскало“.
Инвестицијата изнесува 3.734.877 денари и вклучува поставување на издигнати пешачки премини, гумени испакнатини, флексибилни столбчиња и комплетна сообраќајна сигнализација. Ваквите мерки, кои веќе се покажаа ефикасни кај училиштата на „Булевар 1 Мај“, имаат за цел да ја зголемат сигурноста на најмладите учесници во сообраќајот.