ПРОМОЦИЈА НА ФИЛМОТ „СЛОБОДАТА ЗАБОРАВЕНА МЕЃУ РЕГИСТРИТЕ“

Воочи 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и големиот јубилеј 80 години од завршувањето на Втората светска војна, премиерно беше прикажан документарниот филм „Слободата заборавена меѓу регистрите“, во киното Манаки. Филмот претставува заеднички проект на гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, младинското радио при гимназијата и Битолскиот архив, со поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија во земјава.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, истакна дека денешниот настан не е само одбележување на 80 години од завршувањето на Втората светска војна, туку пред се е потсетник дека слободата која денес ја уживаме никогаш не била подарок. Таа е резултат на борба, жртви и отпор, врежани длабоко во колективната меморија на нашиот народ.

„80 години подоцна, нашата обврска не е само да славиме победа, туку да се соочиме со историјата, со нејзините болки, замолчувања и поуки. Да ги отвориме регистрите, не само документите, туку и оние во нашата совест и да се запрашаме која е цената на слободата ако истата не ја чуваме во сеќавањето?

Народот што ја заборава својата историја, сам се осудува да ја повтори – но не како херојска борба, туку како трагедија.

Затоа, денес, кога се навршуваат 80 години од крајот на Втората светска војна, нашата најголема одговорност не е само да се потсетиме, туку да пренесеме. Да им ја раскажеме вистината на новите генерации“, рече Коњановски.

Промоцијата на филмот беше проследена со кратка дискусија околу реализацијата на самиот проект, а на настанот се обрати и нејзината екселенција амбасадорката на Република Германија, Петра Дрекслер.

Режисер на овој филм е професорот Никола Трајковски, кој во соработка со ученикот Давид Козаров, го изработија заеднички сценариото за филмот. Кинематограф на филмот е Давид Козаров.


1076

Задолжително

Verified by MonsterInsights