Битола го слави 9 Мај: Спомен на победата, порака за иднината

Во Битола денес свечено беше одбележан 9 Мај – ден со двојно историско значење: Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, симбол на обединета, мирољубива и просперитетна иднина.

На централната манифестација пред споменикот на Народноослободителната антифашистичка војна на плоштадот „Гоце Делчев“, градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот на општина Битола Габриела Илиевска, делегации од политичките партии и Сојузот на борци, положија свежо цвеќе во знак на почит кон борците за слобода.

Во своето обраќање, градоначалникот Коњановски потенцираше дека 9 Мај не е само потсетник на една мината борба, туку и патоказ за европската иднина на Македонија – иднина изградена врз темелите на солидарност, помирување и заедништво.

Одбележувањето на овој датум во Битола продолжува и со неколку културни и историски настани, во чест на борбата против фашизмот и визијата за заедничка Европа.

9 Мај останува ден кога историјата и иднината се среќаваат, а Битола, како град со богата традиција и културно наследство, уште еднаш даде силна порака за потребата од сеќавање, но и од обединување на народите во име на мирот.

Со положување цвеќе и пораки за единство, Битола го одбележа 9 Мај – Денот на Европа и 80-годишнината од победата над фашизмот.


1147

Задолжително

Verified by MonsterInsights