Големи плати, големи разлики: Каде во Европа се заработува најмногу?
Разликите во платите низ Европа се драстични. Данска и Луксембург се предводници со над 5.000 евра месечно, додека десет земји од ЕУ имаат просек под 2.000 евра – од кои четири дури и под 1.500.
Според податоците на „Еуростат“, Данска предничи со 5.634 евра, а ја следат Ирска, Белгија, Австрија, Германија и Финска. На дното се Унгарија, Грција и Романија со плати околу 1.400 евра.
Меѓу големите економии, Германија има највисоки просечни примања (4.250 евра), додека Италија и Шпанија се под европскиот просек. Швајцарија е европскиот шампион со 8.104 евра месечно – највисока плата на континентот, според податоците на ОЕЦД.
Но, кога се зема предвид куповната моќ, односите се менуваат. Луксембург, Белгија и Данска остануваат на врвот, додека Турсa и Романија се подобро рангирани во однос на цените на живот. Во просек, разликата меѓу највисока и најниска плата паѓа од 6 пати на 2,6 пати.
Во последните пет години, платите пораснале во сите земји на ЕУ. Најголем раст забележа Литванија со 102%, додека најмал беше во Шведска – само 4%. Луксембург, пак, бележи највисок апсолутен раст – дури 1.291 евро.
Просечни годишни бруто плати во ЕУ (2023)
| Земја | Просечна годишна плата (€) |
|---|---|
| Луксембург | 81.064 |
| Данска | 67.604 |
| Ирска | 58.679 |
| Белгија | 57.989 |
| Австрија | 54.508 |
| Германија | 50.988 |
| Финска | 48.391 |
| Шведска | 44.619 |
| Франција | 42.662 |
| ЕУ Просек | 37.863 |
| Словенија | 33.081 |
| Италија | 32.749 |
| Шпанија | 32.587 |
| Малта | 29.989 |
| Литванија | 27.178 |
| Кипар | 26.430 |
| Естонија | 24.899 |
| Чешка | 23.454 |
| Португалија | 22.933 |
| Латвија | 22.293 |
| Хрватска | 21.523 |
| Словачка | 19.001 |
| Полска | 18.054 |
| Романија | 17.739 |
| Грција | 17.013 |
| Унгарија | 16.895 |
| Бугарија | 13.503 |
Иако западна и северна Европа и понатаму имаат највисоки плати, источните и јужните земји ги стигнуваат – бавно, но стабилно.