Подготвени улиците „Бурса“ и кај „Блис“ за преасфалтирање
Изведувачите на градежните работи на улиците „Бурса“ и кај „Блис“ ги подготвуваат за преасфалтирање на сопствен трошок. Како што најави градоначалникот Тони Коњановски, денеска започнаа активностите за санација на оштетениот коловоз на „Бурса“, кои ќе траат до сабота, од 09:00 до 19:00 часот.
Работите ќе се изведуваат во три фази:
Од влезот на поранешната „Шеќерана“ и „Квасара“ (фаза 2)
Пред влезот на „Синпекс“ (фаза 3)
Од делот кај „Агнеса“ до отпадот
Сообраќајот ќе биде затворен во наведениот период. Во меѓувреме, се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања на постоечкиот асфалт.
Паралелно, на барање на општината, започнаа подготовките и за целосно преасфалтирање на улицата кај „Блис“, поради претходно утврдени оштетувања.
Коњановски истакна дека нема да се толерираат никакви недостатоци во реализираните проекти, инсистирајќи на висок квалитет на изведбата.