Градоначалникот Коњановски зборува за климатски акции на панел во Скопје

На завршниот настан на програмата „Заедно за климатска акција“, организиран од „Еко-свест“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, учествуваше во панел дискусија за соработката меѓу граѓанските организации и институциите во борбата против климатските промени.

Коњановски истакна дека Битола активно дејствува на локално ниво:

  • 17 милиони денари во субвенции за граѓаните (велосипеди, клима-уреди, дограма, енергетски фасади)
  • 10 училишта со фотоволтаици, а на едно се поставува енергетски ефикасна фасада
  • Подготвени проекти за уште 4 училишта и модернизација на системи за греење
  • Наскоро велосипедски патеки од неколку километри

Настанот беше фокусиран и на улогата на граѓанските организации во климатските политики и потребата од локални акции за заштита на животната средина.


1243

Задолжително

Verified by MonsterInsights