Каја Калас во официјална посета во Македонија

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, денеска е во официјална посета на Македонија, како дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан. Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Дијалог за безбедност и одбрана: Заедно со министерите Тимчо Муцунски (НАР) и Владо Мисајловски (одбрана), ќе учествува на отворањето на дијалогот меѓу ЕУ и Македонија во рамките на Партнерството за безбедност потпишано во 2024 г.

Посета на Балканската медицинска сила: Во касарната „Илинден“ ќе се запознае со работата на БМНС и опремата финансирана од ЕУ (38 милиони евра за воени капацитети и 6 милиони за медицинска опрема). Посетата ќе заврши во Јуроп Хаус со дискусија со млади активисти.

Оваа посета ја потврдува поддршката на ЕУ за Македонија во безбедносната и европската интеграција, како и продолжениот ангажман на Брисел кон регионот.

Ова е втората турнеја на Калас по Балканот откако ја презеде функцијата.


1241

Задолжително

Verified by MonsterInsights