Македонска делегација на China-CEEC Expo 2025 во Нингбо

Од 22 до 25 мај во кинескиот град Нингбо се одржува China-CEEC Expo 2025 – меѓународен саем за зајакнување на економските врски помеѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. На покана на кинеското Министерство за трговија, македонската делегација беше предводена од Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд.

На саемот, кој се одвива под мотото „Нова визија за иднината“, 14 македонски компании ги презентираат своите производи и можности за трговска соработка и инвестиции.

Во рамките на посетата, делегацијата, предводена од Ристески, оствари средба со Линг Џи, заменик-министер за трговија на НР Кина. Разговорите се фокусираа на тековната економска соработка, која е на високо ниво, како и на можностите за нејзино проширување.

Македонија останува посветена на зацврстување на економските и трговските врски со Кина, со цел унапредување на стабилниот економски развој.


1240

Задолжително

Verified by MonsterInsights