Македонија ќе ја предводи МБТ 2026 — ново поглавје за дигиталната иднина на регионот

Во исклучително важна одлука, Асоцијацијата на радиодифузни оператори од Балканот (MBT) ѝ го додели домаќинството на престижната МБТ конференција за 2026 година на Македонија. Ова е исчекор за нашата земја, која како активна – членка на Асоцијацијата, ќе го предводи најголемиот годишен настан во областа на медиумските технологии и јавната комуникациска инфраструктура во регионот.

Организирањето на конференцијата во Македонија, не е само логистички успех, тоа е стратешка победа за ЈП Македонска радиодифузија, институција која со визија и посветеност го зацврстува својот регионален и европски кредибилитет.

Бенефициите од членството и од организацијата на МБТ 2026 се многукратни:
• Пристап до најновите светски технологии во радиодифузијата, 5G емитување, дигитална енергетска ефикасност и хибридни медиумски платформи.
• Промоција на Македонија како регионален технолошки хаб, подготвен за дигиталната трансформација.
• Мрежа на соработка со најрелевантни актери: јавни сервиси, технолошки гиганти, регулатори и иноватори.

Конференцијата ќе донесе врвни говорници, клучни партнери и инвестициски можности, кои можат да го катапултираат развојот на јавниот медиумски сектор.

Ова не е само конференција,
ова е сцената на која Македонија ќе покаже дека е подготвена не само да следи, туку и да води.

2026 ќе биде година кога дигиталната иднина ќе зборува македонски!


1454

Задолжително

Verified by MonsterInsights