ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ДРУШТВО “ЈАНЕ САНДАНСКИ“
Македонското културно-уметничко друштво “Јане Сандански” во чест на роденденот на големиот македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО Јане Сандански, патрон на друштвото на 18 мај, во престижниот Шелдон Рисепшан го одржа својот Годишн концерт. На концертот настапија и членовите на Културно-уметничкото друштво “Светлост” од Мелбурн.
Македонското културно-уметничко друштво “Јане Сандански” и Македонското културно-уметничко друштво “Светлост” од Мелбурн изразија голема благодарност до кинематографот Hollywood Style Productions којшто успеа да направи убави слики и видеа од нивниот настап со прекрасните македонски народни песни и ора.
Членовите на македонските културно-уметнички друштва ги воодушенија присутните гости со прекрасните рецитации и македонски народни песни и ора за славното македонско минато.
Програмата беше подготвена до перфекција, а членовите на културно-уметничките друштва оставија силен впечаток, публиката со нетрпение го очекува нивниот следен настап.
Годишниот концерт продолжи со општонародна веселба со убави стари и новокомпонирани македонски народни песни и ора.
На Годишниот концерт присуствуваа повеќе од 600 гости и повеќе од 250 играорци, задоволни од менито и програмата.
Организаторот упати благодарност до Македонското културно-уметничко друштво “Илинден” од Мелбурн и Македонското културно-уметничко друштво “Бисер” од Џилонг, кои позајмија дополнителни носии за бројните учесници во програмата.
За очекување е годинава МКУД “Јане Сандански” од Мелбурн од 5-16 јули да оствари голема турнеја со бројни настапи во Македонија.