ЧЕСТВУВАЊЕ НА ПРОСВЕТИТЕЛИТЕ И РАМНОАПОСТОЛНИТЕ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО МОСКВА
Во чест на Светите браќа Кирил и Методиј и нивното бесмртно дело за сите словени, претставници на Македонската заедница во Русија, зедоа учество во одбележувањето на празникот на сесловенската и семскедонската писменост.
Во сончевата Москва, пред грандиозниот споменик на Светите браќа Кирил и Методиј Македонци од Македонија, претставници на Македонската заедница во Русија и отец Амвросиј положија букети со свежо цвеќе, Македонците во Русија искажаа длабока почит за ликот и делото на Кирил и Методиј, за писменоста од Охрид до Владивосток.
Студенти од различни словенски држави испратија моќни пораки на различни словенски јазици за љубов и дружење помеѓу сите словени во светот.
Празничната атмосфера беше надополнета со свечен концерт и со настапот на повеќе културно-уметнички друштва, кои настапија со руски, грчки, српски и бугарски народни ора.
Преубава беше глетката, кога припадници на разни словенски народи, држејќи се рака за рака танцуваат разни народни ора. Нашите јазици, народни ора, традиции и обичаи не’ обединуваат како словени во целиот свет.