Промени во Надзорниот одбор на АД ЕСМ: Иван Куковски се повлекува, Александар Мурговски нов претседател
АД ЕСМ објавува дека г. Иван Куковски се повлекува од функцијата претседател на Надзорниот одбор поради нови професионални обврски. Од компанијата истакнуваат дека Куковски оставил силен впечаток со својата стручност, визија и лидерство, кои беа клучни за функционирањето и развојот на македонскиот енергетски сектор.
На негово место, за нов претседател е назначен г. Александар Мурговски, долгогодишен член на Надзорниот одбор. Од АД ЕСМ нагласуваат дека очекуваат неговото искуство и познавање на секторот да обезбедат континуитет, стабилност и ефективно справување со предизвиците на енергетската сцена.