ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ НА УЛ. „СТРЕЖЕВСКА“
📆 Период на затворање:
од 09.06.2025 (понеделник) до 19.06.2025 (четврток)
📍 Локација:
Споредната улица „Стрежевска“, Општина Битола
🔧 Причина:
Изведување на градежни работи поврзани со:
- Реконструкција и доградба на коловоз на ул. „8 Септември“ (840 м)
- Изградба на атмосферска и мешовита канализација
- Изработка на куќни приклучоци
- Реконструкција и изградба на водоводна мрежа
- Изградба на ново улично осветлување
👷♂️ Изведувачот на работите, согласно фазите 7 и 8 од временото сообраќајно решение, ќе спроведе целосно затворање на ул. „Стрежевска“, со цел безбедно и непречено изведување на работите.
⚠️ Апел до граѓаните и учесниците во сообраќајот:
Ве молиме да се придржувате до поставената привремена сообраќајна сигнализација за безбедно пренасочување на сообраќајот.