Стапува во сила времен режим на забрана за моторен сообраќај во централното градско подрачје

Со почеток од вечерва, 10 јуни 2025 година, во Битола започнува спроведувањето на една посебна летна мерка — секој ден, од 19:00 до полноќ, спојот на улиците „Димитар Илиевски Мурато“ и „Широк Сокак“ ќе биде затворен за моторен сообраќај.

Одлуката, која е дел од поширока стратегија за уредување на сообраќајот во централното градско подрачје, има за цел да им овозможи на граѓаните мирно и безбедно уживање во летните вечери — без бучава од мотори и автомобили, без гужви, само со чекори, смеа и разговори што ќе одекнуваат меѓу фасадите на старата битолска чаршија.

Физички препреки ќе го спречат движењето на возилата, а улиците ќе ги препуштат на пешаците, уметниците, музичарите, туристите и сите оние кои сакаат да го доживеат Широк Сокак онака како што му прилега — со душа.

Мерката ќе трае до 10 септември, и токму ова лето, центарот на Битола ќе дише порелаксирано. За некои, тоа ќе биде можност за вечерна прошетка, за други — можеби само повод плус за кафе со пријатели под ѕвезденото небо.


1148

Задолжително

Verified by MonsterInsights