Учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ државни прваци во кошарка 3×3!

Учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола го освоија првото место на државното првенство во кошарка 3×3, триумфирајќи во конкуренција од 93 средни училишта од цела Македонија!

По повод овој голем успех, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес организираше свечен прием за шампионскиот тим, честитајќи им лично на младите кошаркари: Наум Марковски (III⁴), Благојче Димитровски (III²), Лео Созовски (II³) и Благој Тарашовски (II¹).

Посебна благодарност беше упатена до нивниот ментор, професорот Антонио Трпковски, и до директорката на Гимназијата, Лидија Споа, за континуираната поддршка и вложување во спортскиот и натпреварувачки дух на учениците.

„Ова не е само спортски успех, туку пример за младински дух, тимска работа и посветеност – вредности што ги негуваме како општина,“ истакна градоначалникот Коњановски.

Овој извонреден резултат претставува гордост не само за училиштето, туку и за целата општина Битола, која продолжува да ги поддржува младите таленти и спортот како важен дел од заедницата.


1183

Задолжително

Verified by MonsterInsights