Голем технички зафат на ЈКП ВОДОВОД – Битола: Споени две стратешки точки

На ден 15.06.2025 година, екипите на ЈКП Водовод – Битола реализираа значаен технички зафат на главниот армирано-заптитен цевковод со пречник ф350, кој опслужува дел од градската водоводна мрежа.

Операцијата опфати спојување на две прекинати точки на истиот цевковод – едната локација се наоѓа на Булевар 1 Мај, во близина на објектот познат како „Рудо Јагне“, а втората спроти мостот кај зградата на Основниот суд.

Со оваа интервенција, која се изведе со техничка прецизност и целосна координација, беше воспоставен континуитет на дотокот и протокот, а системот доби дополнителна вредност преку овозможување двонасочност во водоснабдувањето.

Таквиот технички распоред носи зголемена сигурност, порамномерна распределба на водата и подобра отпорност на системот при евентуални прекини или оптоварувања.

ЈКП Водовод – Битола останува целосно посветено на својата мисија – обезбедување сигурно, стабилно и квалитетно водоснабдување до сите граѓани, јавни институции и деловни субјекти. Секој зафат од ваков обем претставува тивка инвестиција во иднината, во секојдневната удобност и јавното здравје на градот.


1166

Задолжително

Verified by MonsterInsights