Влада на Мицкоски: Резултати од 365 дена работа

Отчет за првата година на Владата предводена од Христијан Мицкоски

Владата на премиерот Христијан Мицкоски го презентираше отчетот за сработеното во првата година од мандатот. Во него се наведуваат зголемувањето на пензиите и платите, привлекувањето на над 1,2 милијарди евра странски инвестиции, вработувањето на 1.000 полициски службеници и инвестициите во патната инфраструктура. Мицкоски истакна дека за учебната 2024-2025 година се обезбедени над еден милион учебници, а буџетот за наука за 2025 година е зголемен на 680 милиони денари. Отчетот споменува и 229 милиони денари за проекти за животна средина, 500 милиони евра за поддршка на бизнисите и општините, како и четвртото место во Европа по раст на БДП во првиот квартал. Како 13-ти премиер, Мицкоски нагласи дека се поставени темели за развој, со акцент на идни резултати и блискост до граѓаните.


1132

Задолжително

Verified by MonsterInsights