Оливер Мандиќ и покрај операцијата доаѓа во Охрид на фестивалот „Охрид фест“
Српскиот кантавтор Оливер Мандиќ ќе биде гостин на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“, на Интернационалната вечер која ќе се одржи на 30 август, на сцената на Долни Сарај. Мандиќ ќе добие награда за трајни вредности и ќе настапи со неговиот прв голем хит „Питају ме питају“, песна со која победи на фестивалот МЕСАМ во Белград во 1984 година.
„Минатата година си размислував дека поминале 40 години откако се појавивив на МЕСАМ со оваа песна. Не сум човек што брои години ниту слави јубилеи, но ете, има некоја важна симболика. Григор Копров уште лани ме покани во Охрид да го славам овој јубилеј. Жал ми е што не можев да дојдам, а годинава го потврдив учеството со задоволство и покрај здравствените проблеми. Веројатно сте слушнале дека во март годинава имав тешка операција на ‘рбетот, но среќа е што помина успешно и се радувам што доаѓам во Охрид “, вели Оливер Мандиќ.