Антониа Гиговска откри колку тетоважи има
Младата пејачка Антониа Гиговска откри дека обожава тетоважи и одлучи пред следбениците на Инстаграм да каже колку точно ги има на број.
Пејачката редовно ги воодушевува нејзините обожаватели со одговори на нивните прашања, а сега ги изненади сите со бројката на тетоважи, која му ја откри на еден заинтересиран фан.
Како што е познато, таа многу се грижи за својот изглед, па покрај стилот, ѝ е важно да изгледа и како светски познатите ѕвезди кои обожаваат тетоважи.
Имено, таа сега потврди дека ги има 13 на број со што призна дека обожава да се црта по телото, но и на колку години се одлучила за тоа:
– Колку тетоважи имаш, и на колку години ја направи првата ? – беше прашањето кое привлече внимание.
„Тринаесет имам“ – напиша таа, и откри дека првата ја направила на 17 години.