Нетанјаху и Пезешкијан го потврдија прекинот на огнот, обајцата прогласија историска победа
epaselect epa12193827 Iranian Ballistic missile in the sky above Jerusalem, Israel, 24 June 2025. Iran fired a barrage of ballistic missiles towards Israel as reports of a ceasefire between Israel and Iran is supposed to go into effect this morning. EPA-EFE/ABIR SULTAN
Во првото обраќање до јавноста откако Трамп прогласи крај на 12-дневниот конфликт, израелскиот премиер и иранскиот претседател го признаа прекинот на огнот, притоа прогласувајќи историска победа – Нетанјаху на Израел, Пезешкијан на Иран
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, по првпат ѝ се обратија на јавноста откако претходно денеска американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за прекин на 12-дневната војна меѓу Израел и Иран. Во обраќањето до јавноста, обајцата го признаа прекинот на огнот, притоа прогласувајќи историска победа – Нетанјаху на Израел, Пезешкијан на Иран.

Нетанјаху го опиша прекинот на огнот како историска победа која ќе се памети со генерации.
„Отстранивме две непосредни егзистенцијални закани – нуклеарна закана и закана од балистички ракети. Доколку не дејствувавме, наскоро ќе се соочевме со опасноста од уништување“,рече тој во обраќањето до јавноста.
Нетанјаху изрази благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп за вклученоста на Соединетите Држави во конфликтот не само од аспект на одбрана, туку и на офанзива, оценувајќи дека Израел никогаш немал поголем пријател во Белата куќа од актуелниот шеф на САД.
Додаде дека Израел ја уништил нуклеарната програма на Иран и предупреди дека доколку се обидат да ја обноват програмата, Израел ќе дејствува со истата решителност и сила за да спречи таков обид.