Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС рече дека големото мнозинство во ЕП сака да ја поддржи Македонија и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој.

– Знам дека и јас самиот се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Јас исто така сум и пријател на Бугарија – изјави Вајц.Според него, извештајот не задира во прашања на јазик и идентитет, туку оценува состојбата во државата во рамки на европските вредности.

– Да, дел од тие вредности е правилното вклучување на малцинствата. Во овој случај, имаше многу дебати за вклучувањето на бугарската заедница, што е одразено во текстот. Но, покрај тоа, како што реков, станува збор за државата, за владеењето на правото – ова е процес базиран на заслуги, а билатералните прашања треба да се решаваат меѓу самите земји – рече Вајц.

Тој нагласи дека во моменталниот геополитички контекст, Европејците мора да се обединат.

– Во сегашната геостратешка реалност, Европејците мора да бидат обединети и да го стават она што ги обединува на прво место. Тоа ќе ни помогне да продолжиме заедно напред – додава тој.

Во заклучокот, Вајц ја повтори својата поддршка за регионот, но истакна дека напредокот мора да биде исклучиво базиран на реални резултати.

– Се сметам за голем пријател на земјите од Западен Балкан, како и за голем пријател на Бугарија. Мислам дека ако го ставиме она што нè обединува на прво место, тоа ќе биде во најдобар интерес на нашите земји и нашите народи – вели тој.

На прашањето дали бил под влијание од Мицкоски или други европски политичари, Вајц кусо одговори:

„Категорично – не“.

На прашањето дали сегашната влада на Македонија има реална намера да ги спроведе бараните промени, Вајц беше дециден дека не може да го потврди тоа, но нагласи дека Европскиот парламент и понатаму е подготвен да ја поддржи земјата.

– Она што го знам е дека мнозинството во ЕП сака да ја поддржи земјата и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој – рече тој.

Тој нагласи дека лично се залага за процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан.

– Знам дека и јас самиот се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија – изјави Вајц.

Во однос на шпекулациите дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, извршил притисок врз европските институции, Вајц одговори дека извештајот го изработил објективно и врз основа на факти.

– Ја работам својата работа врз основа на фактите и што е можно пообјективно. Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судството, медиумите… И токму тоа го направив во овој извештај – додаде тој.


1088

Задолжително

Verified by MonsterInsights