Генерацијата 2013 на ФК Пелистер Младинска Школа непоразена и во Прилеп – трет турнирски трофеј сезонава
Младите фудбалери од генерацијата 2013 на ФК Пелистер Младинска Школа продолжуваат со доминацијата на терените, освојувајќи го Прилеп Куп 2025 без ниту еден пораз. Тимот, предводен од тренерот Фатон Таири, оствари максимален учинок со шест победи во шест натпревари и заслужено се закити со шампионскиот пехар.
Ова е трет турнир по ред оваа сезона на кој генерацијата 2013 го освојува првото место:
- ✅ Вихерен Куп – Прво место
- ✅ Еден на Еден Могила Куп – Прво место
- ✅ Прилеп Куп – Прво место
На Прилеп Купот, Пелистер настапи со три генерации:
- Генерацијата 2014 го освои третото место, победувајќи во малото финале
- Генерацијата 2015 се пласираше меѓу најдобрите осум екипи
Иако во овие возрасни категории резултатите не се приоритет, туку развојот на школски, организиран и допадлив фудбал, победите се доказ за квалитетната работа и вистинскиот пристап во тренажниот процес.
„Убаво е кога победуваме, а уште поубаво кога тие победи се резултат на труд, посветеност и правилна работа“, истакнуваат од клубот.
Од ФК Пелистер упатија честитки до сите млади фудбалери, нивните тренери и родителите за огромната поддршка, како и благодарност до организаторите за извонредните услови и вистинското фудбалско доживување во Прилеп.