Легендарните ГРОМ – на 2 јули дојдете да славиме музика, спомени и пријателство заедно!
Со голема возбуда ви го најавуваме јубилејниот концерт на една од најистакнатите македонски групи – ГРОМ од Битола, која веќе 45 години ја одбележува музичката сцена!
Песните и настапите на ГРОМ одгледаа генерации битолчани и оставија неизбришлив печат во срцата на љубителите на добрата музика. Од младинските рок гитаријади во 70-тите, преку Скопскиот фестивал и Мак Фест, нивниот звук останува симбол на едно време и многу спомени.
Овој јубилеј ќе биде збогатен со специјален настап на познатиот хрватски пејач Ален Славица, миленик на публиката ширум регионот и автор на бројни хитови кои со години ја полнат естрадата со емоции.
Ве покануваме да бидете дел од незаборавната вечер која ќе ве потсети на убавите времиња и ќе ве исполни со радост.
📅 Датум: 2 јули 2025
🕘 Време: 21:00 часот
📍 Место: Хераклеја, Битола
Настанот се одржува во рамките на БИТ ФЕСТ 2025.
🎟 Влезници: 300 денари, достапни преку mktickets, како и на билетарата на Хераклеја.
Не пропуштајте – дојдете да славиме музика, спомени и пријателство заедно!