Министерството за дигитална трансформација ја менува Македонија – една година успешна реализација на стратешките цели

Во изминатите 12 месеци, Министерството за дигитална трансформација постигна значајни резултати во унапредувањето на јавните услуги и креирањето на модерно дигитално општество во Република Северна Македонија. Со јасна визија и силна посветеност, остварена е промена која граѓаните веќе ја чувствуваат во секојдневието.

Преку националниот портал uslugi.gov.mk, над 170.000 корисници добија брз и едноставен пристап до повеќе од 120 нови дигитални услуги, вклучувајќи изводи, уверенија за државјанство, потврди за неосудуваност и имотни листови, без потреба од посета на шалтер.

Еден од клучните столбови на оваа трансформација е воспоставувањето на првиот национален систем за сајбер безбедност. Со изградба на институционална и законска рамка, формиран е национален сектор за сајбер безбедност и започна работата на владин центар за справување со сајбер инциденти. Воедно, стартуваше MKSafeNet – првиот центар за безбеден интернет наменет за младите.

Поддршката за бизнис секторот е обезбедена преку формирањето на INNOFEIT – Европски дигитален иновациски хаб, кој им овозможува на македонските компании пристап до напредни технологии, обуки и тестирање на иновации пред инвестирање.

Во втората година од дигиталната трансформација, министерството поставува уште повисоки цели: лансирање на национална мобилна SuperApp за интеграција на сите јавни услуги на едно место, воведување терминали за брз пристап до дигитални услуги, изградба на нов државен дата центар и промоција на дигитална писменост кај децата и вработените во јавната администрација.

Дигиталната трансформација станува клучна алатка за олеснување на секојдневниот живот на граѓаните, штедење време и создавање нови можности за развој. Заедно градиме SMART Македонија – чекор по чекор, за сите нас.


1285

Задолжително

Verified by MonsterInsights