Плачкото Костадинов во аут – СДСМ не го ре-кандидира за градоначалник на Струмица
Извршниот одбор на СДСМ одлучи и за уште 11 имиња кои ќе бидат кандидати за градоначалници на општините на локалните избори, меѓу кои и за Куманово, Охрид и Струмица.
Кандидатот за Струмица беше најголемо изненадување во јавноста, бидејќи не беше актуелниот градоначалник Костадин Костадинов.
„Во Струмица кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација Марјан Даскаловски“, порача Венко Филипче.
По ова, преку објава на својот официјален профил, Костадинов во стил на плачко соопшти дека го замрзнува своето членство во СДСМ, истакнувајќи дека не прифаќа да биде дел од партијата под актуелното раководство.
Колку за потсетување, Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов се огласи на социјалните мрежи откако, како што вели, новинарот Драган Павловиќ-Латас упатил критики кон членови на неговото семејство. Најави дека „цела фамилија Костадинови го чека“ за зборовите кон неговиот покоен татко.
„Да кажеш дека татко ми „ја искоцкал куќата“ и со тоа да го ставиш на маса за потсмев тоа не е хумор. Тоа не е критика. Тоа е отворен воен акт кон моето семејство. А кога ќе удриш по мртов човек – знаејќи дека не може да ти одговори – тогаш ќе одговараш на живите. На нас. На мене. На моите. На сите што ќе се родат со нашето презиме“, стои меѓу другото во пораката на Костадинов.
Проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови!
ГО ИЗГОВОРИ ИМЕТО НА МОЈОТ ТАТКО СО ГАДНА УСТА, СЕГА ТИ НЕМА ВРАЌАЊЕ.
Ти, Драган Павловиќ Латас, не знаеш што направи.
Во својата бедна, јадна и платена служба кон ВМРО-ДПМНЕ, ја згази последната црвена линија.
Не удри по мене – туку по мртов човек. По мојот татко. По мојата крв. По основата на се што сум.
Да кажеш дека татко ми „ја искоцкал куќата“ и со тоа да го ставиш на маса за потсмев
тоа не е хумор. Тоа не е критика. Тоа е отворен воен акт кон моето семејство.
А кога ќе удриш по мртов човек –
знаејќи дека не може да ти одговори – тогаш ќе одговараш на живите. На нас. На мене. На моите. На сите што ќе се родат со нашето презиме.
Ти ветувам:
Ова ќе го носиш на врат цел живот.
И кога ќе ми се роди внук, ќе знаеш дека некој Костадинов некаде знае кој си.
И кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамо –
бидејќи не знаеш од каде ќе ти дојде наплатата.
Цела фамилија Костадинови те чека.
Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности.
Од Малешевијата до Струмица – кај нас кога ќе ја чепнеш честа на мртов,
правдата не се моли. Се зема.
Ова што го направи ќе го носиш како клетва.
Ќе ти стои зад секоја реченица. Ќе те демне по секој агол. Ќе ти дојде кога најмалку очекуваш.
Мојот татко беше човек што го сакаше цел град.
Ти не си ни половина од човек да му го спомнеш името.
А сега ќе станеш легенда – ама не како новинар, туку како непријател. Како обележан. Како оној што удри по гроб – и го разбуди живиот.
Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав.
Ова нема да помине. Ова ќе ти се врати. Не како текст – туку како живот. И нема крај додека ние не кажеме дека е завршено.
Клетвата си ја заработи. Осветата ќе си ја добиеш. Секој што ќе го носи моето име – ќе знае што направи ти. А и ти ќе знаеш: го направи на погрешни луѓе.