Денеска на Табановце почнува со работа системот „One stop shop“за заедничка контрола
На граничниот премин Табановце, кон Србија, денеска стартува системот „One stop shop“ за заедничка контрола.
Од Владата напоменуваат дека со ова ќе се намали метежот на границата, кој во летниот период е оптоварен поради летните одмори и патувањата од нашиот северен сосед кон Грција.
Ваквиот систем веќе функционира со Косово, на граничните премини „Блаце“ и „Јажинце“.
На денешниот настан се очекува да се обратат министерите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Панче Тошковски, односно Ивица Дачиќ. Претходно двајцата министри ќе потпишат протоколи за соработка во граничниот сообраќај. Потпишувањето ќе се одржи во Регионалниот центар на граничната полиција кон Македонија – Прешево, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.