Данок за немажени и неженети

Демографскиот аларм е вклучен, Македонија за четири години има изгубено 33 илјади жители – како еден град од големина на Кавадарци и Кичево. Со цел да се спречи овој негативен тренд, каде бројот на починати со години наназад е поголем од бројот на новородени деца, Владата размислува да преземе низа мерки – а една од нив е и воведување на данок за немажени и неженети. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски на дебата во Владата за демографските трендови, предизвици и можни решенија. 

„Знаеме дека нема магично решение. Но, има намерна, постојана, државничка борба. И ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети“, рече Мицкоски. 


1230

Задолжително

Verified by MonsterInsights