РЕК Битола и АД ЕСМ со нова кујна за подобро секојдневие на вработените

Обнова по две децении: Кујната во РЕК Битола повторно во функција

Управителот на АД ЕСМ – Хотел Молика Пелистер, Горан Исков, во придружба на директорот на РЕК Битола, Тони Петрушевски, и членови на стручните тимови денеска извршија увид во текот на градежните активности за обновата и адаптацијата на кујната „Франко“, која се наоѓа во кругот на РЕК Битола.

Со оваа инвестиција, од есенва, по повеќе од дваесет години, вработените во комбинатот повторно ќе добиваат топол оброк во современи услови.

Проектот е дел од заложбите за подобрување на стандардот на работа и унапредување на условите за исхрана, со што се покажува вистинска грижа за здравјето и благосостојбата на вработените.

АД ЕСМ останува посветен на имплементација на проекти што создаваат конкретни придобивки за сите вработени и го унапредуваат квалитетот на нивното секојдневие.


1598

Задолжително

Verified by MonsterInsights