Градоначалникот Коњановски и ТППЕ со апел: Висок ризик од пожари – внимавајте!
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, одржа работен состанок со раководството на Територијалната противпожарна единица Битола за подготовките и мерките за гаснење пожари во летниот период.
ТППЕ Битола располага со добра опременост, но е потребно дополнително засилување на човечките ресурси. Општина Битола ќе се вклучи во мерката 6.2 од Оперативниот план за вработување, со која ќе се ангажираат невработени лица за активности за заштита од пожари и пошумување.
🔴 Апел до сите граѓани:
🚫 Не палатe оган на отворен простор
🚫 Не палатe стрништа и отпадоци
🚫 Не фрлајте отпушоци или стаклени шишиња
✅ Чувајте ја природата и вашата безбедност
‼️ За прекршителите ќе бидат преземени законски мерки.
Со внимание и одговорност – да спречиме пожари!
ВНИМАНИЕ: Зголемен ризик од пожари – апел до сите граѓани